еМагазин
Image default
Македонија

СЈО го доби дописот од Јовески за преземање на предметите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) претпладнево го добило дописот, што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите.

Како што потврдија за МИА од СЈО дописот пристигнал на нивна адреса, а тие утре ќе излезат со соопштение за натамошните чекори.

Јовески вчера во изјава за МИА рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо.

Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија беше известено со писмен допис дека јавните обвинители од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ.

Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот.

Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо, вели Јовески.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораката од Битола е признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ, вели Петковски

Редакција

ОЛАФ бара Македонија да врати 660 илјада евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница