еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД: Преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија да започнат што е можно побргу 

Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на претпристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ, а по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан неделава во Брисел.

За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија за МИА од американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија што е можно побргу.

На Самитот Западен Балкан-ЕУ во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот француски предлог во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР и врачи протесна нота на македонската амбасадорка за инцидентот во Охрид

Редакција

Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, порача Мицкоски од Вашингтон

Редакција

(Фото) Пијан возач „влетал“ во кафеана во Македонска Каменица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница