еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено

Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот за книга 2020 кој ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста прв пат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот пратеник за трговија за Западен Балкан, Мартин Викерс во посета на САСА

Редакција

Средствата од хуманото селфи од кујната на Cooking with Branko ќе се донираат во „Во мојот свет“

Редакција

„Пинокио“, „Офицер и шпион“ и „Проксима“ на викенд програмата на A1 Drive-in Cinema

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница