еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Сали до Пановски, Даниловски и Марковски: Не е период за молење, сега е време на засукување ракави

Од понеделникот кога почнав со новата функција поголем дел од секој ден ми е посветен на преземањето мерки и формирање нова Комисија за заразни болести, надградена, така што не е период за лични дискусии и молење и други начини на покани, сега е период на засукување ракави и да се справиме со пандемијата, изјави денеска министерот за здравство, Беким Сали.

Посочи дека вчера преку директен пост на Фејсбук ги поканил тројцата почитувани професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

– Поканата е јавна до сите експерти. Во случај на пандемија, односно во случај кога ние се бориме против еден вирус мислам дека не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме и да бидеме членови на комисии, односно работни групи каде што се судруваат или се дискутираат аргументи со цел доаѓање до некое одредено, привремено, можеби и трајно решение, потенцира министерот Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека Комисијата за заразни болести се состанува секој вторник, затоа што тоа се смета како ден за евалуација на епидемиолошката недела од понеделник до понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски за поканата на Сали на Фејсбук: Нормално на ваков начин секако не прифаќам

Министерот Сали ќе формира нова Комисија за заразни болести, ги повика докторите Даниловски, Пановски и Марковски да станат членови

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Битола ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови за Ковид-19

Редакција

Бројот пак порасна: Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

Редакција

Град Скопје ќе потроши 6.000.000 денари на одржување на фонтани: „Комтек“ го доби тендерот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница