еМагазин
Image default
Бизнис

Само 24 од 2.184 контролирани угостителски објекти не ги почитувале одлуките на Владата

Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата. Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли на вкупно 2.184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада, соопшти МВР.

„Од вкупниот број контроли, 1.573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).

Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување“, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителските објекти се речиси празни, слабо луѓе и работа

Некои угостители „потфрлија“: Пазарните инспектори бркани од локалите и понижувани

Во угостителските објекти свадбите и родендените остануваат забранети, што пишува во Протоколот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законски измени за угостители и обложувалници: Ограничување на времето за издавање сторна сметка

Редакција

Експозитурите на НЛБ банка ќе работат со скратено работно време

Редакција

Раст на прометот и бројот на трансакциите на Македонската берза во јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница