еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Опустошиле шума за да си пробијат пат без дозвола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (61) и З.Ш.(71), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „помагање“, информира МВР.

Во текот на 2017 второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за пробивање на пат кон с.Форино, без претходно обезбедено одобрение од ЈП „Национални шуми“.

По ова, од почетокот на 2019 до 31.05.2019, во атар на с.Форино, на место викано „Форински извори“, на парцели сопственост на ЈП „Национални шуми“, првопријавениот со работна машина, извршил пробивање на пат, без соодветно одобрение.

Притоа, тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер. Со ова пријавените, на ЈП „Национални шуми“ нанеле штета од 118.020 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукањето во Чаир е нова пресметка на криминалните групи „Барон“ и “Грчец“, објави Телма

Редакција

Се запали автобус на граничниот премин „Табановце“

Редакција

Приведен брачен пар во Скопје за агресивно однесување кон полицајци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница