еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Самохрана мајка на четири деца доби куќа од анонимен донатор во Кичево

Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.

Хуманитарната организација „Класје на добрината“, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во неволја, кое било без сопствена куќа. Идентитетот не сакаа да го објават со цел, како што велат, да ги почитуваат принципите на хуманизмот.

– Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија. Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство.

Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен. Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево.

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милчо Манчевски во жири со Изабел Ипер и Абел Ферара на Филмскиот фестивал во Кина

Редакција

Подгответе се за Garage Sale во Рамстор Мол

Редакција

Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K – Одберете го својот омилен стартен број

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница