еМагазин
Свет

Шпанскиот премиер Санчез сака да ја претвори Шпанија во „европски Холивуд“

Шпанската Влада има намера земјата да ја претвори во „европски Холивуд“, најави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, за време на посетата во Лос Анџелес, САД.

– Ние се стремиме да станеме, ако дозволите така да споредам – европски Холивуд. Информативно-забавните платформи станаа прозорец преку кој милиони луѓе гледаат кон новата реалност, изјави Санчез.

Премиерот се состана со претставници на „Нетфликс“, „ХБО“, „Ворнер-Медија“, „Дизни“ и други продукциски куќи. Санчез притоа ги истакна главните елементи на планот, според кој шпанските власти планираат да издвојат 1,6 милијарди евра за промовирање на шпанскиот аудиовизуелен сектор.

Иницијативата вклучува даночни олеснувања за продуцентите кои ја избираат земјата за своите проекти, како и издавање специјални визи за да се олесни доаѓањето на филмските професионалци во Шпанија.

МИА/Фото: Photo by Henrique Ferreira on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Претседателот на Сирија имал колекција од над 40 луксузни возила, вредни милиони долари

Редакција

Белгиските регулатори препорачаа вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на лица постари од 55 години

Редакција

СЗО: САД да ги споделат податоците за коронавирусот, за кој тврдат дека е вештачки создаден

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница