По неколку месеци поминати во Лондон, македонскиот модел Сандра Цветкова конечно ќе ја видиме во најновата реклама за познатиот освежителен пијалок „7up“.
Инаку Цветкова со години е дел од македонската модна агенција „Моделс ИН“ и за време на тој период работеше на одлични проекти и кампањи. Од неодамна е дел од модната агенција „Моделс Плус“ во Лондон каде што во моментов работат на нејзиното портфолио.
Сандра е позната како голем професионалец и ретко одговорен модел, затоа нејзиниот успех не е случаен. Нејзината неодолива насмевка и вродениот шарм, покрај физичката убавина, се надеваме ќе ја однесат директно во центарот на светската модна индустрија“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН“.