еМагазин
Image default
Локално

Санкционирани 411 возачи во Скопје, од кои 83 за пречекорена брзина

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Министерството за внатрешни работи во рамки на  засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, како и 69 казни за непрописно паркирање.

Со „пајак“ се подигнати 61 возило, а 32 санкции се изречени за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР во кое се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На штипјанец му украле „бмв“ од паркинг во Скопје

Редакција

Пронајдено удавено лице во Црна Река

Редакција

Две самоубиства за еден месец во затворот во Куманово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница