еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Санкционирани 67 автобуси кои вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

„При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас,“ велат од МВР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на водомери вреден 383.000 евра

Редакција

Не поддржуваме никаков говор на омраза, повикуваме на мирни протести против двата спорни закона, велат од МПЦ-ОА

Редакција

(Фото) Руши рекорди во посетеност, но има и зошто: Пештерата Стопич на Златибор и нејзиниот „автохтон вид“ на водич

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница