еМагазин
Македонија

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет

Актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, е реизбран на таа функција.

На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот му доверија нов, тригодишен мандат на Коруновски и предност наспроти неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски.

Како што е познато, актуелниот и новоизбран ректор Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.

Бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови.

Постапката за избор на ректор беше во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

МИА/Фото: Фејсбук/Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Што пишува во предлог-законот за јавни претрпијатија со кој се отвара простор за вработување на заменици-директори?

Редакција

161 се реинфекции: 905 нови случаи на Ковид-19 од 2.808 тестови

Редакција

За Петков правата на Бугарите во Македонија се приоритет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница