еМагазин
Image default
Македонија

Сашо Тасевски реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност

На денешната седница Владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

„На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен“, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.

Тој му посака на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и досега, со, како што наведува, успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција.

„Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата“, пишува Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пеце Мирчевски реизбран за директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата

Фото: Фејсбук/Тасевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се дознае ли некогаш вистината: Седум години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

Редакција

Со потпретседателката на Бугарија, Јотова за да промовираат бугарски проекти во Македонија, доаѓа и Петков

Редакција

Функционерите ќе добијат цели плати, Уставен ги замрзна владините уредби за минимална плата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница