За судскиот епилог за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ во Скопје од пред неколку години, со реакција излезе и владејачката СДСМ.
Од СДСМ велат дека „приоритет на новата Влада е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител.“
„Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство,“ соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила судијката Елена Јосифовиќ, која пресуди за сообраќајката кај „Млечен“