еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Најавата на Груевски ја потврдува директната поврзаност со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта

Најава на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски, велат од СДСМ откако Груевски на Фејсбук објави дека се повлекува од пратеничката функција.

„ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува.

Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски.

Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука.

Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон,  кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски повторно пред сите: Сам се повлекува од пратеничката функција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција го отворила прашањето за „контраверзната“ изјава на Заев за “јазикот и македонското малцинство“ со Столтенберг

Редакција

СМС порака на Груевски за „Монструм“: “Испаѓа дека жените муслиманки дома смеат да чуваат тенкови, а полицијата не им смее ништо”

Редакција

Вкупно 2.954 здравствени работници заболеле од Ковид-19, починале 21

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница