еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Се јави Исламска држава: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција

Исламска држава (ИД) преку соопштение ги повика членовите да ги интензивираат нападите ширум светот, а посебно во Европа, каде фокусот во моментот е на војната во Украина.

Портпаролот на ИД, Абу Омар ал-Муџахир изјави дека припадниците на групата подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот водач на Абу Ибрахим ал Кураиши, а одмаздата пред се значи интензивирање на нападите.

– Поддржувачите на ИД треба да ја искористат можноста кога крстоносците се борат меѓу себе во Украина и извршат напади во Европа, истакна ал Муџахир.

Тој се осврна и на актуелната ситуација во Израел и конфликтите меѓу припадниците на израелската армија и полиција и Палестинците.

– Ерусалим може да се ослободи од Евреите само со враќање на калифатот, а не со палестинското востание или со помош на оние кои имаат вредности што се менуваат во согласност со интересите на нивните западни господари, посочи ал Муџахир.

Тој ги повика сите муслимани во арапскиот свет да се спротивстават на лидерите кои имаат добри односи со Израел.

– Современите муслимански политичари кои се обидуваат да го ослободат Ерусалим не се ништо друго, туку марионети во рацете на Израел и Западот, наведе ал Муџахир во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британскиот сој на Ковид-19 останува доминантен во Македонија

Редакција

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција

Повеќе мажи, тројца имаат претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница