еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се дозволува работа и на ноќни клубови и објекти за прослава до 50% исполнетост од капацитетот во затворен или отворен простор

Владата на седница согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок да се дозволи организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 проценти исполнетост од капацитетот на просторот.

Се дозволува и работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 посто исполнетост од капацитетот на просторот.

– Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители/гости/лица, со поседување и приложување на еден од следните документи, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 15 ноември за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе се бара сертификат за две дози вакцина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој му дал на Палевски тајни податоци од истрагата за убиството на Панче и Вања, кои ги искористи за барањето за изземање на обвинителката и Обвинителството

Редакција

Истрагата за смртта на планинарите Калина и Александар тапка во место: „Трансверзалец“ и понатаму организира тури на планини

Редакција

ЕБОР ќе кредитира 30 милиони евра: Банките имаат пари, малите претпријатија тешко доаѓаат до нив

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница