еМагазин
Image default
Македонија

Се намалува бројот на средношколци

Во редовните основни училишта имало 186.706 ученици на крајот на учебната 2019/2020 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во редовните средни училишта, пак, бројот на ученици на крајот на учебната 2019/2020 година изнесувал 68.273, што е намалување за 2.5 отсто во однос на претходната учебна година.

ДЗС објави податоци за ученици според јазикот на кој се изведува наставата, податоци за училишта, паралелки и наставници, како и за успехот на основците по одделенија на крајот на минатата учебна година.

Објавата содржи и податоци за бројот на ученици во специјалните основни и во основните училишта за возрасни.

Исто така, податоци има и за  ученици и наставници во редовните средни училишта според јазикот на кој е изведувана наставата во 2019/2020 година и за успехот на учениците во овие училишта, како и за верските и за специјалните средни училишта.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Редакција

Забрането е: Унгарија не може да даде детали за статусот на Груевски

Редакција

Јанкулоска се враќа во судница: Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница