еМагазин
Македонија

Се очекува лекот Ивермектин за Ковид-19 од утре да биде достапен во аптеките

Лекот Ивермектин кој се користи за лекување на заболени од Ковид-19 веќе е стигнат во земјава и од утре ќе се продава во аптеките ширум земјава, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани.

Цената на лекот, како што посочи директорот, ќе изнесува околу 300 денари.

-Лекот е стигнат во земјава, се прават последни процедури за да се стави во промет и најверојатно од утре веќе ќе биде достапен. Цената на лекот ја одредува Министерството за здравство, но мислам дека ќе чини околу 300 денари, рече Шабани.

Тој минатата недела информираше дека се одобрени сите барања од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови.

– Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот.

Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците, изјави тогаш Шабани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полицаец брутално тепаше Ром при приведување

Редакција

Регистриран уште еден заразен со Ковид-19 во Кичево

Редакција

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница