еМагазин
Image default
Бизнис

Се подготвува ребаланс на Буџетот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на ребаланс на Буџетот, кој е очекуван во услови на криза.

– Ова е најкризна година во Европа и во светот по Втората светска војна и нормално дека ќе се прави ребаланс на Буџетот. Во Министерството за финансии, службите работат на подготовка на ребалансот. Тоа не е едноставен процес.

Ќе се одвива низ законски пропишаната постапка и кога ќе дојде на дневен ред, ќе биде ставен на Влада и на Собрание, рече Ковачевски.

Во однос на задолжувањето, Ковачевски посочи дека тоа е веќе пропишано во Буџетот во износ од 600 милиони евра и дека најверојатно дел ќе се прави на надворешниот, а дел на домашниот пазар.

Владата, како што додаде Ковачевски, е во постојан контакт и со Народната банка на државата, бидејќи во услови кога има увезена светска инфлација, монетарната и фискалната политика мора да бидат координирани и хармонизирани меѓу себе.

Во однос на јавниот долг, Ковачевски рече дека лани јавниот долг е намален на ниво од 59,9 проценти, но оти годинава поради актуелната криза, тој ќе биде зголемен.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцините за Ковид-19 македонските граѓани ќе ги чинат 6,7 милиони евра

Редакција

Поскапуваат дел од поштенските услуги: Колку ќе чини да испратите писмо и пратка во странство

Редакција

ЕЛЕМ без тендер склучи договор со „Марковски компани“ вреден 92 милиони денари

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница