еМагазин
Свет

Се разгорува трговската војна: САД со нови царини за компјутери, лук и уште 3.800 производи од Кина

Лаптоп компјутери, пили, делови за турбини и лук се само некои од 3.805 производи, кои се наоѓаат на дополнителната листа кинески производи за нови царини од САД.

Властите на САД ја дополнија листата откако кинеските власти вчера најавија дека од 1 јуни ќе воведат тарифи од 25 отсто на 60 милијарди долари увоз од САД.

Тоа е одговор од Кина на американскиот претседател Доналд Трамп кој во петокот ги зголеми царините од 10 на 25 отсто на кинескиот увоз во вредност од 200 милијарди долари.

„Новата листа претставува чекор кон спроведување на заканата на претседателот Трамп од 5 мај за воведување на казнените 25 процентни царини на целокупниот увоз од Кина“, се наведува во соопштението на американскиот трговски претставник УСТР.

Како што е наведено, на 17 јуни ќе биде одржана расправа пред Вашингтон да одлучи како да постапи по ова прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија засега не сака да склучи примирје, бидејќи сака да ја изолира Украина од морето, вели Борел

Редакција

Житото од Украина направи голем проблем во ЕУ

Редакција

Надминат проблемот со ИТ системите, кој предизвика хаос низ светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница