еМагазин
Image default
Бизнис

Се укинува надоместокот за мрежарина при предавање вишок произведена струја од фотонапонски електроцентрали за домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали, што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач-производител.

– Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

На овој начин од РКЕ сметаат дека ќе се поттикнат голем број домаќинствата да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали.

– Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија, вели Бислимоски.

Тој додава дека со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 киловати и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 киловати нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешна понудата за преземање на Мермерен комбинат од страна на Долит Инвестментс

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на пикап

Редакција

Управителот Васе Митев купи 1.230 акции во струмичка Оранжерии Хамзали

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница