еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија

Превозот на товар меѓу Србија и Македонија, што се врши во или од трети земји, со еколошки возила, ќе се либерализира, односно ќе биде ослободен од режимот на дозволи од 1 август, изјави денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.

Во соопштението на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, се наведува дека ова е резултатот од договорот постигнат на состанокот на Мешовитата српско-македонска комисија за меѓународен патен превоз на патници и товари што се одржа во Охрид на 5 и 6 јуни.

„Договорено е транспортот на товар „до ​​и од трети земји“, кој се врши со еколошки возила – возила од категоријата „зелено возило“ и погоре (ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5, ЕВРО ЕЕВ и ЕУРО 6) се иззема од режимот на дозволи, односно го либерализира, почнувајќи од 1 август годинава.

Исто така, либерализиран е и билатералниот карго превоз и карго превозот во транзит“, рече Весиќ во соопштението објавено на интернет страната на српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Весиќ вели дека ќе остане симболичен број на дозволи, помалку од сто, од двете страни за транспортери со нееколошки мотори, односно дизел мотори ЕВРО 0.

„Тоа се мали транспортери кои живеат и работат од двете страни на границата, па сакавме да ги оставиме да работат со обврска во иднина да ги заменат нееколошките возила со еколошки“, посочи Весиќ.

Српскиот министер истакна и дека е постигнат голем успех во однос на меѓународниот превоз на патници во патниот сообраќај, бидејќи е договорено од 15 јуни годинава алтернативниот превоз на патници да се врши без дозволи.

Весиќ рече дека преговорите биле многу успешни и му се заблагодари на македонскиот колега Благој Бочварски за заедничката работа.

Договорот меѓу двете страни е направен врз основа на иницијативата „Отворен Балкан“ и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

„Договорот ќе придонесе за натамошно отстранување на административните бариери, што дополнително ќе ги зајакне економиите на двете земји, а на економијата и граѓаните ќе им биде олеснето движењето на луѓе и стоки во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Грчки авиони летаа над Скопје на годишнината од влезот во НАТО

Редакција

(Видео) ДНК со спот снимен во хотелот на Адора во Златибор за новата песна „Амајлија“

Редакција

Убава вест: 638 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница