еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се уште не е пронајдено момчето кое исчезна во водите на Вардар кај неготинско Пепелиште

Полицијата и припадници на специјална нуркачка единица на МВР и понатаму го бараат момчето кое вчера исчезнало во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди утрово за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Дека по момчето се трага  во и околу Вардар кај неготинско Пепелиште, вчера попладне потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

– Според информациите што досега ги имаме, едно момче почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно.

Очевидци го спасиле второто момче, кое било видно вознемирено, а по првото трагаат мештани, пристигнале и нуркачи.

Екипа на нашата брза помош веднаш отиде на местото и ќе остане таму и понатаму, рече Филипова вчера попладне за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно момче спасено од давење во Вардар кај неготинско Пепелиште, по друго се трага

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Операцијата во Украина е успешна

Редакција

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Редакција

(Фото) Колемишевски на Фејсбук покрена акција #Засади дрво: Предизвикот го прифатија Љупчо Николовски, Димитар Ковачевски…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница