На 04.08.2019 во 14,10 часот во Полициската станица Валандово, било пријавено дека на делницата Миравци-Смоквица, имало опожарено патничко моторно возило, информира МВР.
Имено, додека И.Д. (39) од Р.Србија, управувал патничко моторно возило марка „БМВ 320 ГТ“ со српски национални ознаки, по автопатот Скопје – Гевгелија возилото почнало да ја губи брзината, по што се паркирал на лентата за принудно запирање и забележал чад од возилото, а потоа и пламен.
Пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа од Гевгелија. Од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршен бил увид на местото на настанот.