еМагазин
Image default
Македонија

Се зголемува бројот на деца во градинките

Се повеќе деца доаѓаат во градинките и нема потреба од нивно затворање во однос на пандемијата со Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница каде беше пуштена во употреба новоизградената градинка „Сонце“.

Според неа, веќе неколку недели има тренд на зголемување на бројот на деца кои одат во градинка.

„Не се планирани затварања на градинките. Во последниот неделен извештај што го реферирав на кризен штаб како секој понеделник, имаме тенденција на пад на бројот на новозаразени вработени така и на деца.

Ова е тренд која трета седмица тече, значи имаме помалку одколку од претходната недела. Поголем е бројот е на деца кои се враќаат во градинките. За една седмица околу 500 деца се вратени од изолација во градинките.

Бројот на деца во градинките е повеќе од 10 илјади, односно изнесува 10.150, а беше 9.500,“ истакна Шахпаска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата бара отштета од над 163 милиони денари од обвинетите во случајот „Шпански скали“

Редакција

Заев подготвен прв да земе двојазичен пасош со новото име – Република Северна Македонија

Редакција

В недела почнува зимското сметање на времето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница