еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се зголемува капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози

Фондот за здравствено осигурување, како резултат од разговорите и преговорите со Лекарската комора и Стоматолошката комора, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година, донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63 на 75 денари.

„За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице.

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.

Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава,“ се вели во соопштението од Фондот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Редакција

Косана Мазнева не е повеќе директорка на „Комунална хигиена“ Скопје

Редакција

Возило виси на карпа на Галичица, патниците се неповредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница