еМагазин
Image default
Балкан

Се зголемува меѓународниот притисок за Договорот од Преспа на завршницата: Меркел на 10 и 11 јануари во посета на Атина

Германската канцеларка Ангела Меркел следниот четврток и петок, на 10 и 11 јануари ќе допатува во посета на Атина. Предвидено е да се сретне со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, а ќе биде примена и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Меркел ќе оствари средба и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Заменичката портпаролка на германската влада, Мартина Фиц рекла дека на агендата средби ќе се најдат билатералните односи и европските и меѓународните прашања, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Грчките медиуми споменуваат дека и Договорот од Преспа ќе биде една од темите за кои ќе разговара Меркел со грчкиот државен врв, а заменичката портпаролка, според АНА-МПА, прашана за тоа дали и договорот ќе биде на агендата, ја истакнала поддршката на Берлин за затворање на деценискиот спор меѓу двете земји.

-Не можам од сега да кажам дали канцеларката ќе разговара за ова прашање во Атина, но можам да кажам дека уште од почеток германската влада го поздравува договорот за решавање на спорот за името и продолжува да се надева дека овој децениски спор може конечно да се реши. Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина, рекла Фиц, според грчката новинска агенција.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Падна владата на Петков

Редакција

Во Белград се отвора ресторан на познатиот британски готвач Џејми Оливер

Редакција

Во Грција по оставката на Заев загриженост за спроведување на Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница