еМагазин
Image default
Забава

#СедиДома: 200+ бесплатни филмови во домашната видеотека Cinesquare Inbox x

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од 200+ бесплатни филмови онлајн преку сопствената домашна онлајн видеотека Cinesquare.

„Во време кога вратите на кината остануваат затворени во догледен период и препораките сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници во 13 територии.

Само регистрација на cinesquare.net или на Андроид апликацијата достапна на Google Play е доволно да се пристапи кон бесплатните содржини во оваа понуда.

Колекцијата е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти за да одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период и квалитетно да исполни дел од своето време дома преку содржини кои не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот.

Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код,“ велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антологиската серија Lawmen: Bass Reeves ќе биде достапна ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime од 18. декември

Редакција

Можно продолжение на „Медена земја“, од документарецот Атиџе не земала ни денар

Редакција

Том Хенкс и сопругата првите филмски ѕвезди заразени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница