еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Седуммина обвинети за настаните пред Собранието кои признаа вина, добија условни казни

Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд.

На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години.

Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Обвинетите се товарат и дека повредиле полицајци.

За обвинетиот кој не призна вина, Судот ја издвои постапката и случајот ќе продолжи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исплатен аванс од 3,2 милијарди денари за автопатите од коридорите 8 и 10д, кои уште не почнале да се градат

Редакција

Сиљановска Давкова со двојна предност во однос на Пендаровски

Редакција

Сменета само Стевановиќ, на другите директори на скопските клиники мандатот им е продолжен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница