еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Секоја чест: „Кнауф Радика“ донираше 800.000 денари за изградба на централен систем за кислородна инсталација во дебарската болница

Компанијата „Кнауф Радика“ позитивно одговори на барањето на дебарската Општа болница за финансиска помош за изградба на централен систем за кислородна терапија во болницата, потврди за МИА градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Во одговорот на компанијата, на доставено барање, се наведува дека за реализација на овој проект компанијата одлучила да додели 800.000 денари.

„Се надеваме дека со овој симболичен придонес во мал дел ќе помогнеме во борбата против Ковид-19 и воедно ви посакуваме многу успех во реализацијата на проектот, но најмногу што побрзо да ја надминеме актуелната состојба со пандемијата со која се соочува светот,“ се наведува во одговорот.

За одобрената донација градоначалникот Дука искажува голема благодарност, затоа што реализацијата на овој проект е од витално значење во лекувањето на пациентите со Ковид-19.

„Голема благодарност за компанијата „Кнауф Радика“, за подршката со спомената донација, која навистина е добредојдена, бидејќи изградбата на ваков систем е од многу голема важност во лекувањето на пациентите со Ковид-19.

Ова е последователна донација на компанијата по онаа од март кога донираше облека и професонални антибактерски средства за Јавно комунално претпријатие „Стандрад““, вели Дука.

Според денешнте официјални податоци во Дебар, влучително и општина Центар Жупа, вкупната бројка на заразени изнесува 562, а активни на болеста се 165 лица.

Во Инфективното одделение во дебарската болница се хоспитализирани 11 пациенти на кислородна подршка, додека неколку со потешка форма на болеста се третираат во здравствени установи во Скопје.

МИА/Фото: Кнауф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото)„Семос Едукација“ даруваше 10 стипендии и додели 20 награди за најуспешните студенти

Редакција

(Фото) Румор во Скопје го отвори новото јадро на високата мода

Редакција

Македонски јазик ќе се учи и на Универзитетот во Анкара

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница