еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Секој ден протести на Конфедерацијата на слободни синдикати од 16 до 17 часот: Се бара усогласување на платите со минималната

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска почнува со протести пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Протестите ќе се одржуваат секој ден од 16 до 17 часот.

Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски во изјава за МИА вели дека засега немаат најава за средба во Владата.

– Остануваме на нашите барања. Секојдневно ќе протестираме. Членството е крајно разочарано и се чувствува изманипулирано. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, вели Ралповски.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Редакција

Нови 112 случаи на Ковид-19 од 4.196 тестирања, бројката на активни се намали на 3.833

Редакција

Кавадарчанец во бессознание од наркотици, пронајден во двор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница