еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Секој македонски жител, просечно вложил по 100 евра во инвестициски фондови

Секој македонски жител, просечно, вложил по 100 евра во инвестициски фондови. Прометот на домашните и на странските пазари на хартии на вредност (и покрај сите предизвици со пандемијата) континуирано растат и се забележува тренд на значајно вложување на заштедените пари на пазарите на капитал, вели Коста Костадиновски, директор на Капитал Ассет Менаџмент на средба со новинарите.

Според него, луѓето се повеќе бараат алтернативи за вложувања на заработените и заштедените пари заради ниските каматни стапки.

„Истовремено, компаниите и граѓаните кои не беа директно погодени од пандемијата останаа со добра ликвидност. Затоа, во се поголем фокус на интерес се инвестициските услуги, како што се вложувања во акции на домашни и на странски берзи, во инвестициски фондови, во животно осигурување поврзано со инвестициски фондови и во доброволни пензиски фондови.

Посебно што одредени финансиски производи се лесно достапни и за навистина мали износи“, објаснува Костадиновски.

На средбата, Костадиновски објасни дека со отворањето на можноста за тргување со хартии од вредност на странските пазари се наметна потребата да се зголеми бројот на лица кои професионално управуваат со индивидуални портфолија на хартии од вредност.

„Светскиот пазар на хартии од вредност е голем и затоа се потребни знаење, вештини и соодветна анализа на податоците за тоа каде треба да се вложат парите на нашите граѓани. Излезот на овие пазари е поткрепен со соодветна организирана инфраструктура, која е регулирана од државата“, додава Костадиновски.

Тој објаснува дека е потребно граѓаните да добиваат соодветни и квалитетни информации и да се едуцираат за движењата на светските пазари на капитал, каде секој наш жител, рамноправно со европските жители, може да ужива во придобивките од овие вложувања.

Костадиновски е овластен инвестициски советник со 18-годишно работно искуство во повеќе финансиски институции. Од минатата година е основач и директор на Капитал Ассет Менаџмент, Друштво за инвестиционо советување и управување со портфолија на хартии од вредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Редакција

„Телелинк МК“ го доби тендерот на ДЗС за набавка на апликативно решение за пробен попис вреден 140.000 евра

Редакција

42,6% од новозаболените со Ковид-19 рекле дека имале контакт со потврден случај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница