Жито Караорман АД Кичево, има примено известување за намера за преземање на Друштвото од страна на Селаудин Арифи, информираа од таму преку Македонската берза.
Од Друштвото информираат и дека акционерот Сретен Миладиноски продал 5.600 обични акции или 50.67% од акциите со право на глас издадени од Жито Караорман и повеќе не поседува акции таму.
Акционерот Селаудин Арифи пак се стекнал со 5.600 обични акции или 50.67% од акциите со право на глас и сега поседува 8.199 обични акции или 74.19% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог
Жито Караорман со добивка во првите шест месеци