еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Селекторот Ангеловски: Главата горе, одиме понатаму!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, жали за поразот (3:1) од Австрија на дебито на Европското првенство, но не е разочаран и им порача на своите избраници да се фокусираат на следните две средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија изгуби од Австрија, следниот натпревар го играме со Украина

– Имавме сегменти каде што игравме добро, имавме моменти на пад на концентрација, а на вакви натпреварувања кога играте со квалитетни ривали, нормално е противникот тоа да го искористи.

Мислам дека клучна беше шансата на Николов што не ја реализиравме при 1:1, а на спротивната страна, Австријците ни дадоа гол.

Главата горе, одиме натаму. Има уште два натпревари.

Почнуваме да се подготвуваме за следниот меч, против Украина.

Немам зборови за атмосферата што ја направија нашите навивачи и жалам што не успеавме да им возвратиме со позитивен резултат. Се надевам дека ќе ги израдуваме на следниот меч.

Средбата со Украина ќе се игра в четврток исто така на „Национална Арена Букурешт“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски со Панчев и австрискиот амбасадор го гледаше натпреварот на Македонија со Австрија

(Фото) И сопругата на Заев од трибина во Букурешт ги бодри македонските фудбалери

Фотографија на денот: Македонци, Албанци, Турци заедно за Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 679 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Редакција

Сите детали: Кои граѓани ќе добијат еднократна помош од 6.000 денари?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница