еМагазин
Image default
Македонија

Шабани за кривичната пријава од Финансиска полиција: Трошоците се направени за покривање на патни налози

Поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани во врска со кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција до Oсновното јавно обвинителство за незаконска исплата на пари од проект на ИПА-фондовите, во реакција до медиумите вели дека сумата на парите со кои е оштетен буџетот на државата е сумата на хонорарите што ја потрошиле вработени, односно раководни лица од Одделот за менаџирање за ИПА фондови за евалуација на проектот за пракугранична соработка со Република Бугарија.

-Трошоците се направени за покривање на патни налози и нивната евалуација во Бугарија. Сумата е одбележана од ревизорите од надлежните институции што го надгледувале спроведувањето на проектите, вели тој.

Шабани констатира дека вработените после ревизијата ги вратиле парите на легален начин и дека паѓа секоја претензија за можна злоупотреба на буџетот на Министерството или државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за актуелниот и поранешен министер за локална самоуправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Редакција

(ВИДЕО) Фрлена експлозивна направа на семејна продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски

Редакција

ДУИ ќе поддржи влада без претставници на партијата на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница