еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк

Шар Планина, претставува едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и европско ниво. Од италијанското Министерство за животна средина, земјиште и море и локални партнери се изработува социо-економска студија за подрачјето на Шар Планина  и по нејзиното комплетирање почнува законската обврска за отпочнување на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку на конференцијата на тема „Шар Планина – треба ли да биде прогласена за Национален парк”  во организација на Балканскиот институт за регионална соработка.

– МЖСПП го изготвува конечниот Предлог-закон за прогласување на Шар Планина за национален парк и со извештајот од јавната расправа ќе ги достави во владина процедура, а по гласањето во Собранието на РМ, Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк, појасни Дураку.

Со прогласувањето на Шар Планина за национален парк, според Дураку, ќе се овозможи заштита, зачувување, унапредување, развој, промоција и афирмација на природните вредности на ова подрачје.

Тој, како што соопшти ресорното Министерство, информирал дека е изработена прва Нацрт-верзија на Студијата за валоризација на Шар Планина и дека втората фаза од оваа активност е во тек, а за која се очекува финалната верзија на Студијата да биде завршена во текот на 2019 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Промоција на Македонија и отворање на авиолинии кон Шпанија: ТАВ е домаќин на шпански туристички агенции и влијателен блогер

Редакција

(Фото) Андов го прослави 83-от роденден и во таа пригода се промовираа негови избрани дела

Редакција

Андреа Мирческа ја освои наградата Golden Oryx од „Катар ервејс“: Басистката е првата женска победничка на престижната награда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница