еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Шар Планина и официјално прогласена за Национален парк

Пратениците во Собранието вчера со мнозинство од 66 гласа дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, Македонија го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста.

Земајќи ги предвид специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики и пејзажните и пределните вредности, Шар Планина ги исполни критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкусовите на Германија промотивно во Веро до крајот на октомври

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.003 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Кој е Огнен Костовски, новиот директор на Клиниката за дигестивна хирургија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница