еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Шеесетгодишник од Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот

Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот.

Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од коловозот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата му се слошило, по што изгубил контрола над возилото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ја потврди 9-годишната затворска казна на Груевски за „Плацови на Водно“

Редакција

Партијата на Рама и официјално победи на изборите во Албанија

Редакција

Деспина Ванди дополнително ги вжешти односите меѓу Грција и Турција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница