еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел: Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за македонскиот јазик

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел изјави денеска дека Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Бугарија го стопира влезот на Северна Македонија, која е членка на НАТО, во ЕУ, поради несогласување со Скопје околу прашањето на јазикот.

-Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност по ова прашање, што го блокира почетокот на пристапните преговори, изјави Борел на настан во Мадрид.

Претходно, оваа недела, на самитот во Брдо, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на Балканската шесторка, повторувајќи ги ветувањата дадени од пред 18 години, но одбија да ја одредат 2030 година како последен датум за прием, стравувајќи од повратна реакција во нивните земји поради миграцијата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК по изјавата на Радев: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утрово бојадисани првите велигденска јајца: Каква е симболиката на црвената боја

Редакција

Зоран Јовановски не е повеќе член на Управниот одбор на Тиквеш

Редакција

Владата преку кампања ќе ги убедува граѓаните дека „Ние сме Европа“, и истата ќе чини 80.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница