еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска за објавените снимки: Заев измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати

Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите, рече заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои се претпоставува дека е сведок од случајот „Рекет“.

Да имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати, рече Шекеринска.

Очекуваме, додаде таа, институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна.

-Меѓутоа ако се прашува СДСМ, ние сметаме дека времето на насилство е зад нас, направивме се што треба да се направи и во поглед на НАТО, и внатрешна демократизација во нашето општество за никогаш да не се повтори, жалам што не сите го сфаќаат тој сигнал и таа порака, додаде Шекеринска.

МИА/Фото: МО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тортевски: Досадно е веќе со снимки кога се договарате за криминали, дајте директен пренос

Рускоска: Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на „Јутјуб“

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на починати лица од Ковид-19 надмина 9.000: Во изминатото деноноќие починале седуммина

Редакција

„Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство“, напиша Царовска на Фејсбук

Редакција

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница