еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.

За случајот, МИА побара одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, која информира дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители.

– Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки.

Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска, добиен попладнево.

Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонија повторно е завиена во црно„: Повик за протест утре во Скопје и низ Македонија

Редакција

ЕСМ склучи договор со Новоматрикс вреден 2,2 милиони евра

Редакција

Капетанот и екипажот не ни пријавиле дека турнале патник во морето: Шокатни сведоштва на патниците од грчкиот брод

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница