еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Шест нови случаи на ХИВ/СИДА во Скопје, Кочани, Тетово и Прилеп

Во текот на месец јули, пријавени се шест случаи на ХИВ/СИДА, стои во билтенот на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во Македонија во јули.

Од пријавените лица, сите се од машки пол. Три лица се од Скопје и по едно лице од Кочани, Тетово и Прилеп.

Лицата се на возраст од 28-51 години. Сите заболени лица се од МСМ популацијата.

Во текот на месец јули не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.07.2023 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023 година, изнесува 612, и тоа: 123 лица починале, а 489 лице живеат со ХИВ/СИДА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Редакција

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

Редакција

Бугарската потпретседателка денеска во Битола, на денот на ослободувањето на градот од германско-бугарската фашистичка окупација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница