еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Шест златни медали за вината на „Стоби“ на најпрестижниот вински натпревар „Мундус вини“

Шест златни и еден сребрен медал за вината на „Стоби“ е резултатот што го постигна оваа винарница на престижниот меѓународен вински натпревар „Мундус вини“ кој пред неколку дена се одржа во Германија.

Врвниот квалитет и уникатниот, препознатлив вкус беа пресудни за стручното жири на овој натпревар да им додели највисоки признанија на вината „Веритас“ од бербите од 2015, 2016 и 2017 година, „Ркацители“ и „Стоби Куве“ од 2019 година и на „Аксиос“ од бербата од 2015 година, додека со сребро се закити виното „Вранец“ од бербата од 2018 година.

Покрај освоените медали, винарницата „Стоби“ доби и признание за најдобар производител од Северна Македонија, со што го заокружи исклучително успешното претставување на годинешното издание на „Мундус вини“.

– Успехот што го постигнавме на овој престижен натпревар е огромен бидејќи нашите вина освоија највисоки признанија во конкуренција на повеќе од 7.500 вина од целиот свет. Навистина е огромна чест и задоволство да се освојат шест златни медали во најсилната светска конкуренција, но во исто време тоа ни наметнува уште поголема обврска да продолжиме да креираме вина кои по својот квалитет ќе стојат рамо до рамо со најпознатите вински производители од целиот свет, изјави Ана Јорданова, креативен директор на винарницата „Стоби“.

„Мундус вини“ е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари во светот. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од висококвалификувани судии – енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари кои ја следат светската винска индустрија.

Наградените вина на „Стоби“ на годинешното издание на овој натпревар ќе бидат изложени пред стручната јавност и посетителите на еден од најголемите вински саеми во светот, „Провајн“ во Дизелдорф, што ќе се одржи следниот месец.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blueair со донација на 18 прочистувачи на воздух на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематолигја

Редакција

Black Friday понуда од ЕДС АД: Шест месеци попуст на трошокот за потрошена електрична енергија

Редакција

Македонската ПР агенција Idea Lab се приклучи на PROI Worldwide

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница