еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Шести ден на Халкидики продолжува потрагата по Мартин

Крајбрежната служба на Грција и спасувачките екипи и денеска, шести ден по ред, ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот македонски државјанин на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Македонија синоќа соопштија дека „како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население“.

Паралелно, додадоа, дека нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот.

Вообичаена пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, меѓутоа овој рок беше продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.

Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван, кој беше спасен на Халкидки упати апел за собирање на средства за семејството на Мартин по кој се уште се трага

(Видео) Мартин се бара и со подводен дрон

МИА/фото: voria.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица ограбиле банка во центарот на Скопје, едно од нив испукало куршум

Редакција

Катарза или агонија: Мицкоски се „сликаше“ со младите, а тие му поднесуваат оставки

Редакција

Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница