еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Европратеникот Шидер: Застојот во евроинтеграциите поради проблемот со Бугарија е во спротивност со европскиот дух

Европратеникот Андреас Шидер денеска на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, во врска со застојот во евроинтеграцискиот процес поради проблемот со Бугарија, рече дека тоа е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Џафери и Шидер се согласија дека циркулирањето на нон-пејпери во европските кругови, со изнесување на погрешни аргументи и концепти за прекројување на границите во регионот на Западен Балкан, кој беше сведок на немири пред неколку децении, треба да наиде на остра осуда во јавноста и оти ЕУ мора веднаш да реагира и да понуди конкретни патокази за земјите од Западен Балкан и нивната европска интеграција.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто говорите на ЕУ се толку досадни

Редакција

Полесно ќе патуваме во ЕУ, Македонија на списокот на „безбедни земји“

Редакција

ЕФСА ја отпочна кампањата „Стоп за африканската свинска чума“ во Југоисточна Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница