еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Шилегов вели дека досега нема вредности на загадување за да се активираат мерките на Владата

Какви било мерки за загадување ги активира координативното тело на ниво на Влада. Досега немаме вредности на загадувањето кои се како задолжителни за активирање на таквиот тип мерки, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање кога ќе се активираат мерките за загадувањето.

„Годинава немаме вредности над 100 мг на кубен метар, за среќа, компарирано со минатите пет години. Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови.

Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат“, додаде Шилегов.

Тој посочи дека се уште се во почетна фаза на импелментација на стратешките мерки, кои покажуваат дека се даваат резултати.

„Јас можам да ви ги дадам да ги компарирате резултатите за месеците ноември и декември до денешниот ден за последните пет години за да може да ги видиме и бројот на загадени денови што ги имало и кои што ги имаме во текот на оваа година.

Тоа не значи дека сме излезени од проблемот, меѓутоа значи дека со овие мерки една по една, чекор по чекор, сакате чистење оџаци, сакате инвертори, сакате пелети, допрва ќе ни доаѓаат автобусите, полека ќе дојдеме до саканата цел, а тоа е во Скопје да имаме што е можно почист амбиентален воздух“, рече Шилегов.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките против загадувањето прекинуваат да важат од утре, освен за Струмица

Редакција

(Видео) Притисокот кон Заев за Лагадин се зголемува: Мала е границата од херој до злосторник

Редакција

Град Скопје го затвори повикот: Се исцрпија сите средства за субвенции за велосипеди

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница