еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти македонското МНР.

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на шпанската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на Македонија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

На средбите ќе се разговара и за можностите за продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Посетата на Албарез на Македонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а деенска пред Скопје ќе ја посети и Тирана.

Шпанското МНР соопшти дека Албарес доаѓа на Балаканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да и се приклучат на Унијата.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Делчевец со телесен инвалидитет заработил паркинг казна во Скопје и покрај уредно платено паркирање

Редакција

Покрај градоначалникот Георгиевски, уште еден вработен во Општина Гази Баба е позитивен на корона вирусот

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.821

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница