еМагазин
Image default
Локално

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија.

Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа  во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.

По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Скопје протестен марш за трагедијата во Кочани, ќе има посебен сообраќаен режим

Редакција

Скопјанец пријавил обид за силување на неговата малолетна ќерка

Редакција

МВР за еден ден изрече 301 санкција во сообраќајот во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница