еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во општината. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. Сторителот е познат на полицијата.

Јорданов денеска пред новинарите потврди дека вчера инцидентот го пријавил во полиција.

-Не би сакал да навлегувам во деталите, за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата, вели Јорданов.

Прашан дали освен вчера и завчера имало инцидентот во неговиот кабинет, Јорданов со одговор дека деталите ги има СВР-Штип.

Инаку на штипската јавност вработениот во општинската администрација и е познат по тоа што пред неколку години исто така се има заканувано на еден од градоначалниците на Општина Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за инцидентот од страна на СВР-Штип.

МИА/Фото: Фејсбук/Јорданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела програма: Утре почнува седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Редакција

Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, најбројни гостите од соседните држави

Редакција

Ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво, кажа литванскиот министер Ландсбергис во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница